Голден Стејт може да се раздели со еден од ветераните Дрејмонд Грин или Џими Батлер се со цел да се обезбедат нови имиња преку трејд маркетот пред крајниот рок во февруари.
„Тие ги имаат потребните средства. Некои играчи кои се тука подолго време може да го напуштат тимот. Големи изненадувања како Дрејмонд и Џими не се исклучени“, рече инсајдерот, Марк Спирс.
Двајцата се во последната година од нивните тековни договори. Грин, (36), ќе добие 27,7 милиони долари додека повредениот Батлер, (37), заработува 56,8 милиони долари.

