Тренерот на фудбалерите на Рома, Џан Пјеро Гасперини доби убави вести пред продолжението на Серија „А“ и Лигата на шампионите.
Според медиумите во Италија првиот напаѓач на „волчицата“, Паоло Дибала, ја санираше повредата и ќе може да конкурира за првиот состав. Аргентинецот ги пропушти последните седум натпревари но,дефинитивно ќе може да игра в сабота на гостувањето кај Парма.
Кај Римјаните се очекува враќањето и на првиот голман, Миле Свилар, кој имаше скршеница на прстот.

