Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, во интервју за Фудбалската федерација на Македонија, проговори на различни теми.
„Луѓето постојано ги гледаат само резултатите но, мора да разберат дека тоа е процес. Доаѓам од земја со приближно иста големина како Македонија и знам дека е потребно време за да се создаде генерација за вистински резултати. Македонија повторно ќе игра на Европско првенство“ – порача Чеферин и се насочи кон соработката со првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ.
„Тој е остроумен, го разбира фудбалот и спортско-политичките односи. Со него нема потреба многу да се објаснувам. Затоа сум сигурен дека македонскиот фудбал е во добри раце“ – потенцираше Чеферин.

