Дејан Недев, најтрофејниот македонски каратист на сите времиња , ќе биде специјален гостин на свеченото одбележување на 25-годишнината од одржувањето на првиот Светски Куп во традиционално карате, посветен на ликот и делото на легендарниот сенсеи Хидетака Нишијама.
Покрај Дејан Недев, на овој значаен меѓународен настан на 21 ноември ќе присуствуваат и голем број светски карате легенди и истакнати имиња од меѓународната карате сцена:
- Кристоф Ногебауер – Полска
- Ави Рока – САД
- Хусто Гомез – Аргентина
- Силвио Кампари – Италија
- Радослав Олчек – Полска
- Мусат Корнел – Романија
- Рикардо Буци – Бразил
- Владимир Пуча – Украина
Судија од Македонија на Светскиот Куп во Варшава ќе биде Венцислав Недев.

