Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Берокал: Мечот со Кипар ни е многу важен и затоа мораме да бидеме внимателни
    Кошарка

    Берокал: Мечот со Кипар ни е многу важен и затоа мораме да бидеме внимателни

    risteBy riste25/11/2026No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кошаркарската машка сениорска репрезентација на Македонија ја очекува важен натпревар против Кипар, втор во втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година. По победите над Австрија на стартот од овој циклус, двете селекции влегуваат во меѓусебниот дуел со дополнителен мотив, свесни за значењето на бодовите во трката за пласман во следната фаза.

    Селекторот Жозеп Марија Берокал знае дека не смееме да си дозволиме опуштање и бара максимална сериозност на оваа средба од своите избраници.

    „Ништо не е готово во оваа фаза од претквалификациите. Секоја победа секако нè носи поблиску до целта, па затоа сме фокусирани на тренинзите и подготовките за следниот меч. Го анализираме тимот, опциите што ги имаме, работиме на деталите, а истовремено ги следиме и играчите кои имаат ситни повреди. Кога ќе се комплетира ростерот со Димитријевиќ и Мозес, ќе биде подобро за подготовка и ќе можеме сите да работиме заедно. Мора да бидеме паметни, секој да даде сè од себе на теренот, затоа што овој меч со Кипар ни е многу важен. Тоа е шанса да бидеме поблиску до целта, а тоа е пласман во следната рунда. Мора да одиграме сериозен натпревар“, истакна Берокал.

    Селекторот се осврна и на предизвиците во работата со националниот тим, потенцирајќи дека неговата обврска е да го извлече максимумот од играчите кои му се на располагање.

    „Мора да се адаптирам како тренер на сите играчи и да си ја вршам работата со оние што ги имам на располагање. Сега ги имам играчите кои ги имам и мора да се приспособиме на тоа. Лично, само си ја работам работата и го давам најдоброто од себе за да имаме резултат. Можам само да ветам максимална професионалност од сите што се дел од националниот тим, почнувајќи од мене“, порача селекторот на Македонија.

    Берокал направи анализа и на следниот противник на нашата репрезентација која има квалитети , особено разновидноста во играта и можноста на кошаркарите да покриваат повеќе позиции.

    „Кипар е добар тим, има шутери, играчи кои можат да играат на повеќе позиции и да се ротираат. Имаат талент во тактичкиот дел и ги гледаат работите на различен начин. Не го знаеме нивниот конечен ростер, затоа што често се менуваат работите во овие ФИБА-прозорци. Она што го посакувам и го барам е максимално сериозен и дисциплиниран натпревар од мојот тим“, заклучи Берокал.

    Натпреварот Македонија – Кипар се игра во четврток (26 ноември), со почеток во 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ембиид не се појави на паркетот

    24/11/2026

    Јокиќ и Дејвис добија посебно признание

    24/11/2026

    Капитенот на Работнички ќе плати 200.000 денари за удирање противнички играч

    20/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Берокал: Мечот со Кипар ни е многу важен и затоа мораме да бидеме внимателни
    • Пелистер со победа над Ла Риоха сигурен патник во втора фаза на Европската лига на ЕХФ
    • Мбапе го помина „Феноменот“ по број на голови за Реал (М)
    • Перишиќ стана највозрасен стрелец на гол од пенал во ЛШ
    • Милан блиску до нов потпис со Рабио
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.