Килијан Мбапе продолжува да испишува нови страници во историјата на Реал Мадрид. Францускиот напаѓач постигна два гола во убедливата победа на „кралевите“ над ПСВ Ајндховен со 5:1 во петтото коло од Лигата на шампионите, со што стигна до 105 погодоци во дресот на мадридскиот клуб.
Со овој учинок, Мбапе го надмина легендарниот бразилски напаѓач Роналдо Назарио, кој за Реал Мадрид постигна 104 гола на 177 натпревари. Французинот до бројката од 105 погодоци стигна на 121 натпревар.
Мбапе сега го дели 19. место на вечната листа на најдобри стрелци на Реал Мадрид со Луис Моловни. Пред него е Велшанецот Герет Бејл, кој има 106 гола. На врвот на листата и понатаму убедливо се наоѓа Кристијано Роналдо, кој за мадридскиот гигант постигна неверојатни 450 погодоци.

