Шефот на Светската антидопинг агенција (WADA), Витолд Банка, процени дека е невозможно целосно да се елиминира допингот во спортот.
„Можеби ќе ве разочарам но, спорт без допинг не постои. Никогаш нема целосно да го искорениме допингот од спортот како што никогаш нема целосно да го уништиме криминалот.“ – рече Банка.
„Секогаш ќе има некој што сака да измами, таков е животот. Тоа не значи дека не треба да се бориме“ – рече Банка.

