Kиприен Саразен, се подготвува за враќање во Светскиот куп во алпско скијање речиси две години по тешкиот пад во Бормио, Италија.
Tој беше вклучен во францускиот тим за трката во супер-велеслалом која ќе се одржи в сабота во Копер. Триесет и двегодишниот скијач кој има остварено пет победи во Светскиот куп нема настапувано од декември во 2024 година.
Саразен по инцидентот во Бормио беше подложен на операција поради крварење во мозокот а исто така се здоби и со повреди на стапалото и коленото.

