Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Пелистер пред сериозен испит: Гдањск е пречката до европската пролет!
    Ракомет

    Пелистер пред сериозен испит: Гдањск е пречката до европската пролет!

    dinoBy dino24/11/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва ги очекува еден од најважните натпревари во досегашниот дел од сезоната. Битолчани во салата „Боро Чурлевски“ го пречекуваат полскиот Вибжеже Гдањск во рамките на петтото коло од групната фаза во Европската лига на ЕХФ, во дуел кој може значително да ги одреди нивните шанси за продолжување на европската авантура.

    Избраниците на Лино Червар влегуваат во овој натпревар со три освоени бода по четири одиграни кола и јасна цел – победа со која повторно ќе се вклучат во трката за пласман во следната фаза. Гостите, пак, пристигнуваат во Битола со шест бода и без пораз во досегашниот тек од натпреварувањето, а позитивен резултат ќе им обезбеди место во плејофот.

    Дека станува збор за исклучително важен дуел покажува и првата меѓусебна средба, одиграна во Полска, која заврши без победник (31-31). Пелистер тогаш имаше и пет гола предност, а  Филип Кузмановски со 15 погодоци беше убедливо најзаслужен за освоениот бод. Сега битолчани ќе ја имаат предноста на домашниот терен и поддршката од своите навивачи, но ќе мора да одиграат максимално концентрирано во текот на сите 60 минути.

    Охрабрување за македонскиот претставник е последната европска победа над германскиот Гумерсбах (29-28), со која тимот покажа дека може да се носи и со најквалитетните противници.

    Червар во пресрет на клучниот дуел направи и две промени во составот. Во тимот се враќа голманот Саид Хаидарирад, кој го пропушти претходниот европски натпревар против Гумерсбах, додека Диего Басанесе ќе го замени Ненад Белистојаноски.

    Дополнителна поволност за Пелистер е кадровскиот проблем со кој се соочува полскиот состав. Гдањск во Битола пристигнува без двајцата главни пикери, па тренерскиот штаб ќе мора да се потпре на помлади ракометари на оваа позиција. Останува да се види дали оваа околност ќе успеат да ја искористат домаќините.

    До крајот на групната фаза остануваат уште две кола, а само првите две екипи обезбедуваат пласман во плејофот. Затоа, за Еурофарм Пелистер ова не е само уште еден европски натпревар, туку можеби и пресвртница во сезоната.

    Битола очекува нова голема европска вечер, а „зелено-белите“ ќе мора да го дадат максимумот за да останат во игра за европска пролет.

    Натпреварот Еурофарм Пелистер – Вибжеже Гдањск започнува во 18:45 часот во салата „Боро Чурлевски“.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ракометарките со засилено темпо пред ЕП и турнирот во Турција

    23/11/2026

    Одлично деби на Талески во Швајцарија

    23/11/2026

    Лазаров: Победата е одлична, но мора да се подготвиме и за реваншот

    23/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Пелистер пред сериозен испит: Гдањск е пречката до европската пролет!
    • Ембиид не се појави на паркетот
    • Јокиќ и Дејвис добија посебно признание
    • Фабреагс : Ништо нема да менуваме
    • Саразен ќе се врати на патеките
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.