Ракометарите на Алкалоид со девет гола предност ќе патуваат на реваншот кај Горење Велење во рамките на третото коло во ЕХф Европскиот Куп, откако на домашен терен славеa со 32-23. По натпреварот во Автокоманда, тренерот Кирил Лазаров беше задоволен од играта.
„Задоволен сум, презадоволен од резултатот. Видео-анализите покажуваат едно, но сосема поинаку е кога тимот што сте го анализирале ќе го видите во живо на терен. Мислам дека стигнавме до една превисока победа со оглед на тоа каква екипа имавме за противник, на тркачки и на технички план. Честитки за нашите играчи, треба да се подготвиме и за реваншот во Словенија. Не треба да стравуваме, но никогаш не се знае, затоа мораме да сме подготвени“, истакна Кире Лазаров.

