Македонскиот ракометен ас, Филип Талески со фантастично издание ја започна новата приказна со Сур Арау во Швајцарија.
Левиот бек бараше клуб откако за брзо време ја заврши соработката со ГРК Охрид, изборот падна на швајцарскиот прволигаш и ако се суди по дебито тој ќе биде огромно засилување за оваа екипа за која настапува уште еден Македонец-Мартин Поповски.
На средбата со Хандбал Штефа, поранешениот член на Вардар и Металург беше прво име на теренот со седум гола од осум обиди. Поповски пак беше автор на три погодоци, а Арау го доби соочувањето со 35:26 (19:13).
Ова беше четврти лигашки триумф со кој тимот ја прекина серијата од шест порази во шампионатот.

