Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Верстапен триумфираше во Лас Вегас, Пјастри од 17. место до подиум!
    Меѓународен микс

    Верстапен триумфираше во Лас Вегас, Пјастри од 17. место до подиум!

    risteBy riste22/11/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Макс Верстапен ја забележа победата на ГН на Лас Вегас, во трка исполнета со возбудувања, борби за водечката позиција и неколку драматични моменти.

    Возачот на Ред Бул стигна до триумфот пред Ландо Норис, кој заврши на второто место со заостанување од само 0,639 секунди. Третата позиција му припадна на Оскар Пјастри, кој направи фантастичен напредок, откако трката ја започна од 17. позиција.

    Четвртото место го освои Андреа Кими Антонели, додека петти низ целта мина Пјер Гасли.

    Трката во Лас Вегас донесе голема борба за водството, во која Верстапен и Џорџ Расел неколкупати се менуваа на челната позиција. Во одреден момент во водство се најде и Исак Хаџар. Дополнителна драма донесе инцидентот меѓу Серхио Перез и Габриел Бортолето, по кој на патеката излезе безбедносното возило. Луис Хамилтон, пак, доби казна од 10 секунди поради напуштање на патеката и стекнување предност.

    По оваа трка, Кими Антонели останува на врвот во генералниот пласман со 402 бода. Верстапен е втор со 304, додека Луис Хамилтон се наоѓа на третата позиција со 267 бода.

    Кај конструкторите, Мерцедес убедливо води со 666 бодови, пред Ферари со 517.

    Следната трка во Формула 1 шампионатот е Големата награда на Катар, која е закажана за 29 ноември.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Катастрофа за Ферари, Верстапен ќе стартува од првата позиција во Лас Вегас

    21/11/2026

    Берман зборуваше за неговата ситуација

    19/11/2026

    Саинц е оптимист за наредната сезона

    18/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алкалоид убедлив против Горење, девет гола предност за реваншот во Словенија!
    • Охрид продолжува со европската бајка: „Гладијаторите“ повторно меѓу најдобрите 16 во Европскиот куп!
    • Љубомир Спасиќ со 5-то место во генералниот пласман на Европските купови за 2026 по финалето во Ланголен ​(Велс)
    • Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за ЕХФ ЕУРО 2026 !
    • Верстапен триумфираше во Лас Вегас, Пјастри од 17. место до подиум!
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.