Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска го одржа својот собир во хотелот „Three Corner“ во Скопје, со што официјално започнаа подготовките за претстојното Европско првенство – ЕХФ ЕУРО 2026.
Во рамки на подготовките, нашите репрезентативки ќе учествуваат на меѓународен подготвителен турнир во Анкара, Турција, од 27 до 29 ноември, каде што ќе ги одмерат силите со селекциите на Финска, Италија и Турција.
На ЕХФ ЕУРО 2026, Македонија ќе настапи во групата Б во Клуж-Напока, Романија, каде што ќе се соочи со репрезентациите на Романија, Норвешка и Швајцарија.


