Возачот на Ферари во Формула 1, Шарл Леклер, призна дека Скудерија мора да преземе мерки по инцидентите на патеката со неговиот клупски колега, Луис Хамилтон.
„Двајцата сме возачи кои сакаат да завршат еден пред друг. Треба да најдеме решение. Судирите меѓу нас се неприфатливи“ – нагласи Леклер.
„Ако се бориме за титулата во наредната година треба да најдеме решение. Одредена количина на тензија е неизбежна но, не треба да ескалира“ – потенцираше Леклер.

