Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија оствари победа над селекцијата на Финска со резултат 31:24 (18:13 – полувреме), во рамки на подготвителниот турнир во Анкара, Турција.
Наjдобри стрелци во македонскиот состав беа Сара Ристовска со шест гола и Емилиjaна Ризоска со пет погодоци, а по четири постигнаа Мариja Jaнкуловкса, Joвана Киприjaновска и Ивана Гакидова. Ова е одличен резултат на стартот на подготвителните средби за претстојното Европско првенство 2026!
Утре во второто коло од турнирот во Анкара следува битка со Италиja од 14:30 часот.

