Женската кадетска репрезентација на Македонија (У17) со победа ги започна квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра во 2027 година.
Во првата квалификациска рунда, нашите ракометарки успеаја да ја совладаат селекцијата на Косово со резултат 28:22 , а на полувреме нашите млади ракометарки имаа предност од 15:9. Овој квалификациски турнир се игра во салата „Расадник“ во Скопје, а во вториот квалификациски дуел, Литванија ја совлада Грција со 31:17.
Утре Македонија најверојатно ќе го игра клучниот натпревар за првото место против Литванија од 18.30 часот, додека со Грција играме во последното коло, в недела од 18.30 часот.

