Познати се судиите кои ќе ја делат фудбаската правда на средбите од Лигата на шампионите во вторник. Натпреварите во вторник се играат во стандардниот термин од 20.45 часот , а ќе се сретнат Јувентус – Реал Мадрид и Севиља – Баерн Минхен.
Турскиот судија Џунејт Чакир ќе го води првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Реал (Мадрид). 41-годишниот судија му судел осум пати на „кралскиот” клуб. Последен пат тој беше судија на мечот кој Реал Мадрид го играше со Тотенхем оваа сезона. Тогаш Реал загуби со 3:1 во Лондон. Од осум натпревари тимот на Зинедин Зидан има само два порази во текот на оваа сезона од ЛШ.
Вториот дуел во Лигата на Шампионите во вторник навечер е меѓу Севиља и Баерн (Минхен), а за судија на оваа средба е назначен Италијанецот Даниеле Орсат. 42-годишниот Италијанец не носи среќа на Севиља откако го судеше реваншот со Лестер Сити пред една година (0:2), по кој Шпанците отпаднаа покрај победата со 2:1 во првиот натпревар.