Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро, верува дека „бјанконерите“ сега се многу посилни во споредба со финалето во Лигата на Шампионите одиграно пред една година во Кардиф.Тогаш „старата дама“ го загуби мечот од Реал Мадрид со 4-1. Италијанците денеска ќе имаат можност за реванш бидејќи ќе ги пречекаат „кралевите“ во првиот меч од 1 /4 финалето.
„Мислам дека премногу се зборува за загубениот финален меч во Кардиф. Да, можеби се очекуваше повеќе од Јувентус, но, поразот од Реал во финалето не е неуспех. Јувентус сега има повеќе опции – особено во нападот. Верувам дека по двата меча Јуве ќе оди понатаму“ вели Дел Пиеро.
„Гонзало Игуаин е без сомнение исклучително значаен и во него гледам лидер. Пауло Дибала исто така има значајна улога. Алегри е одличен тренер и знае како да најде брзо решение за секој проблем. Тој добро го познава фудбалот и неговите играчи“ – вели Дел Пиеро во интервуто за „АС“.