Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, пак, призна дека не му пречи противниците на неговиот тим понекогаш да им помагаат во победите. Во овој случај Рома си постигна два автогола во синоќешната победа на Каталонците од 4:1.
„Во една сезона има секакви натпревари. Има натпревари во кои понекогаш добиваш повеќе од она што го заслужуваш и натпревари во кои добиваш помалку од она што заслужуваш. Јас немам против тоа што гостите постигнаа два автогола. Мислам дека беше многу важно да постигнеме четврти гол, откако тие намалија. На крајот се радувам што тоа успеавме да го направиме“, вели Валверде.