Менаџерот на Манчестер Ј. ризикува да влезе во конфликт со навивачите на клубот откако се појавија информации дека летово сака да го купи крилото на Реал (М), Герет Бејл. Според англиските весници, Велшанецот не е посакуван од фановите на клубот, кои и јавно му порачаа да не се труди да го носи Бејл на „Олд Трафорд“.
Дел од фановите од фан клубот на Јунајтед преку социјалните мрежи почнаа и кампања против ангажманот на некогашниот фудбалер на Тотенхем во нивниот клуб. Сепак, една друга група поддржувачи, сепак, смета дека Бејл може да биде добра опција за следната сезона.
Мурињо, пак, изјави дека не планира да потпише со нов напаѓач, но Бејл е негова желба уште од првиот ден кога дојде на клупата на Јунајтед.