Челзи веќе има голем фаворит за ново менаџерско решение следната сезона. Според авторитетните медиуми во Англија, скоро сигурно, Абрамович го договорил доаѓањето на Леонардо Жардим од Монако.
Според последните информации, шефовите на „сините“ одамна го гледаат Жардим како менаџер на „Стемфорд Бриџ“, а конечно договорот ќе падне по завршувањето на сезоната.
Антонио Конте, кој скоро сигурно ќе си замине од клубот во текот на летото, имаше страшни разлики во ставовите со раководството. Слабите резултати на „сините“ само го потврдуваат неговото заминување.
43-годишниот Жардим четвртата сезона е на стадионот “Луј II”, а минатата сезона успеа да го донесе тимот до неочекувана титула во Франција и уште понеочекуван пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите.