Манчестер Јунајтед верува дека може да го купи фудбалерот на Челзи, Вилијам во летниот трансфер период. Весникот „Сан“ објави дека во клубот сериозно се заинтересирани за Бразилецот.
Жозе Мурињо се обиде да го земе Вилијан и минатото лето, кога беа водени преговори меѓу “црвените ѓаволи” и претставници на играчот. Тогаш 29-годишниот фудбалер одлучи да остане на “Стемфорд Бриџ”, но сега во Јунајтед се оптимисти дека може да се дојде до договор.
Вилијан има договор со Челзи до 2020 година и Лондончани ќе бараат минимум 30 милиони фунти за него.