Дефанзивецот Хозе Хименес е повреден и нема да игра за Атлетико Мадрид на дербито со Реал Мадрид во недела, соопштуваат медиумите во Шпанија.
Уругвајскиот репрезентативец ги пропушти последните два натпревари против Депортиво Ла Коруња и против Спортинг Лисабон во четвртфиналето од Лигата на Европа.
Симеоне во текот на оваа недела изрази надеж дека Хименес ќе може да игра на претстојното дерби, но тоа дефинитивно нема да се случи. Атлетико Мадрид го зазема второто место на табелата во Ла Лига со предност од четири бода во однос на градскиот ривал.