Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, потенцира дека неговиот тим ќе влезе максимално мотивиран на утрешниот реванш со Манчестер Сити во Лигата на шампионите. „Црвените“ ќе гостуваат на „Етихад“ со предност од 3-0 која ветува дека можат да бидат дел од наредната полуфинална фаза.
„Не смееме да размислуваме дека сме влезени во 1 /2 финалето додека не заврши мечот. Сити има одлична сезона иако по поразот од нас загуби и од Манчестер Јунајтед во градското дерби. Тоа не смее да не залаже дека ќе биде лесно“ вели германскиот стратег.
„Јасно е дека Пеп располага со играчи кои имаат големо искуство во меѓународната конкуренција. Во првенството загубивме кај нив со 5-0 и тоа треба да ни биде поука. Знам дека имаат проблем во одбраната и дека нападот им е посилната страна“ – вели Клоп.