Претседателот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Флорентино Перез, призна дека во минатото се обидел да ја привлече легендата на Рома, Франческо Тоти. Така наречениот принц на Рим ја помина целата кариера на „Олимпико“ иако повеќе европски гиганти се обидоа да го обезбедат неговиот потпис.
„Тоти е една од легендите што сите сакаа да ја имаат. Кога започна мојата ера во Реал Мадрид му се јавив на Тоти и го прашав дали сака да премине во нашиот тим, но, тој ми одговори дека не може да ја напушти Рома ” – изјави Перес за „Gazzetta dello Sport“ и се надоврза на мечот со Јуве во ЛШ.
„Тоа што се случи во Торино беше многу инспиративно. Голот на Кристијано Роналдо е еден од најубавите во историјата на фудбалот” – рече претседателот на Реал.