По она што се случуваше на вчерашниот натпревар меѓу Рома и Барселона и изненадувањето кое го направи Рома со елиминацијата на Барселона се потврди фактот дека во ЛШ во оваа фаза, не постои фаворит и дека секој секого може да победи. За разлика од вчера , вечерва не очекуваат два натпревари во кои домашните екипи се со предност и се големи фаворити.
Вечерва во 20:45 часот е реванш натпреварот меѓу Реал Мадрид и Јувентус од 1/4-финалето во Лигата на Шампионите. Првиот дуел заврши катастрофално за италијанскиот шампион, кој загуби 0:3 на домашен терен. Овој резултат во голема мера направи овој вечерашен дуел може да биде само формалност, бидејќи гостите ќе треба да направат вистинско чудо, за да ги свртат работите во своја полза. Тим како Јувентус сепак сигурно нема да излезе со бело знаме на „Сантијаго Бернабеу” и ќе игра за својата чест.
Статистиката не е во корист на „Старата дама”. Досега никогаш во историјата не се случило тим кој загубил во првиот натпревар дома со 0:3, да продолжи понатаму во ова натпреварување. Покрај тоа, во своите шест натпревари на „Бернабеу“, Јуве има 1 победа, 1 нерешено и 4 порази. Од друга страна пак, постои и надеж. Тоа се крие во фактот дека досега Јувентус секогаш продолжил понатаму кога се сретнал со Реал Мадрид во елиминациската фаза од ЛШ. Да не заборавиме на она што синоќа го покажа Рома и ја елиминираше Барселона што е на некој начин добро за зголемување на самодовербата кај играчите н ајувентус.
Зинедин Зидан не презеде никакви ризици во дербито со Атлетико Мадрид и го остави Карим Бензема и Лука Модриќ на клупата, а Кристијано Роналдо беше заменет доста рано, иако резултатот беше 1:1. Реал одамна е отпишан во борбата за титулата во Ла Лига и сега се насочени кон нов трофеј во Лигата на Шампионите.
Во денешниот дуел домаќините нема да можат да сметаат на казнетиот Серхио Рамос, а младиот Хесус Ваљехо е под прашање поради лесна повреда. Така може да се случи во центарот на одбраната да биде Каземиро, а неговото место во средниот ред да биде пополнето со Матео Ковачиќ. Роналдо ќе го одигра својот 150 ти натпревар во Лигата на шампионите ако тој се појави на теренот.
Во Јуве добрата вест е поврзана со враќањето на казнети од предходниот натпревар Миралем Пјаниќ и Меди Бенатија. Од друга страна, сепак ѕвездата Пауло Дибала ќе отсуствува поради црвениот картон кој го доби на првата средба. Казнет за денешниот дуел е и Родриго Бентанкур, а под знак прашање е искусниот дефанзивец Андреа Барѕаљи кој има стомачен проблем.
Лига на Шампиони, 1/4 финале, реванш:
Реал Мадрид – Јувентус (во првиот натпревар од 3: 0)
Веројатно состави:
Реал:
Навас, Карвахал, Каземиро, Варан, Марсело, Ковачиќ, Модриќ, Крос, Иско, Роналдо, Бензема
Јувентус:
Буфон, Де Шилио, Бенатија, Киелини, Сандро, Кедира, Пјаниќ, Мауиди, Куадрадо, Игуаин, Даглас Коста
Стадион: „Сантијаго Бернабеу“- Мадрид
Судија: Мајкл Оливер (Англија)