Француски ПСЖ во официјалното соопштение ги негираше информациите за прекршување на правилата за финансиски фер плеј.
Британското издание на “Фајненшел тајмс” претходно тврдеше дека парискиот клуб обезбедил „штелувани“ податоци за приходите од спонзорства од 200 милиони евра.
„ПСЖ жали што неколку дена пред планираниот состанок со УЕФА во британскиот печат се објавени лажни информации кои го дискредитираат нашиот клуб. УЕФА има јасна визија за финансиската ситуација во нашиот клуб и не се сомнева во сигурноста на износите на долгорочните договори со партнерите“, се вели во сооопштението од ПСЖ.