Реал Мадрид-Баерн Минхен и Ливерпул -Рома се полуфиналните двојки во Лигата на фудбалските шампиони.
По денешното составување на двојките во седиштето на УЕФА во Нион, бранителот на пехарот ќе гостува во првиот меч на „Алијанц Арена“ додека реваншот ќе го одигра на „Сантијаго Бернабе“. Англиско-италијанската пресметка меѓу Ливерпул и Рома ќе стартува на Островот а ќе заврши на теренот на Римјаните.
Првите полуфинални натпревари се играат на 24. и 25. април, а реваншите се на 1. и 2. мај. Финалето е на распоред на 26. мај на Олимпискиот стадион во Киев.