Светската фудбалска федерација – ФИФА започнала истрага против Русија за наводни расистички навреди упатени кон репрезентативците на Франција од страна на руските фанови на пријателскиот меч одигран во март во Санкт Петерсбург.
Медиумите во Русија наведуваат дека контролната средба која послужи како проверка за двете селекции пред стартот на летниот Мундијал токму во Русија, ќе биде под лупа на ФИФА.
Светската фудбалска централа започнала да собира докази во врска со наведните инциденти. Французите на мечот во Санкт Петерсбург победија како гости со 3 спрема 1.