Алан Ширер кој остави посебен печат во англискиот и светскиот фудбал нема дилема кој треба да ја добие наградата за најдобар играч во Премиер лигата во тековнава сезона.
Здружението на професионалните фудбалери од Англија (PFA) ги избра шесте кандидати за наградата. Тоа се: Лерој Сане, Кевин де Бруин, Давид Силва, Мохамед Салах, Хари Кејн и Давид Де Геа. Еден од тие фудбалери ќе го добие признанието со тоа што изборот на Ширер е токму првиот голегетер на Ливерпул, Мохамед Салах, кој во сезонава постигна 40 голови во сите конкуренции од кои 30 се во Премиер лигата.
„Никој не можеше да предвиди дека Салах ќе биде толку активен и ефикасен на теренот. Ливерпул направи одличен потег кога го купи. Тој дефинитивно би го добил мојот глас за играч на годината. Знам колку е тешко да се даваат голови и затоа би гласал за Салах“ – истакнал Ширер за весникот – „Сан“.