Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ернесто Валверде, сака што побргу да ја заборави елиминацијата од Рома во Лигата на шампионите и да се насочи кон домашните предизвици. Неговиот тим прво ќе игра со Селта во Ла Лига а потоа в сабота ќе се сретне со Севилја во финалето на Купот на Шпанија.
„Нашата цел е да станеме шампиони, од друга страна имаме можност за рекорд. Не сакам да мислам на ништо друго, бидејќи сеуште не стигнавме до титулата. Јас нема да ја повторам грешката на Рим ” – вели Валверде.
Според тренерот на Каталонците, првата ѕвезда Лео Меси, ќе добие одмор и сигурно нема да игра на утрешниот меч со Селта.