Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ќе добие понуда за нов договор со „граѓаните“, објави весникот „Тајмс“. Според информацијата, Гвардиола е среќен во Манчестер Сити и најверојатно ќе се согласи да го продолжи договорот со клубот.
Тековниот договор на тренерот е заклучно до летото 2019 година, а менаџментот на клубот има намера да му предложи на Гвардиола да го продолжи за уште една сезона – до летото 2020 година. Според условите на тековниот договор, специјалистот ќе заработува 15 милиони фунти (17 милиони евра) годишно.
Манчестер Сити под раководство на Гвардиола обезбеди титула во Премиер лигата на пет круга пред крајот на шампионатот.