Нашиот најдобар тенисер на АТП листата, Томислав Јотовски, успеа да оствари значајна победа на стартот на турнирот во Анталија, Турција, кој се реализира за награден фонд од 15.000 американски долари.
Тој го совлада домашниот претставник, Марсел Илхан, кој во 2015 година беше 77-ми на АТП листата и има играно и на сите Грен слем турнири во главната фаза. Јотовски славеше убедливо со 2 спрема 0 по сетови 6-1 и 6-2. Македонскиот тенисер во второто коло го очекува меч со Италијанецот, Давиде Галопини.
На истиот турнир настапи и нашиот, Горазд Србљак, кој уште во првото коло загуби од Русинот, Иван Неделко со 2 спрема 1 по сетови 6-1, 1-6 и 6-3.