Тренерот на Јувентус , Масимилиано Алегри, изјави дека не е воопшто растревожен по синоќешното реми со Кротоне во Серија А лигата. „Бјанконерите“ одиграа само 1:1 и дозволија Наполи повторно да им се приближи на врвот на табелата.
„Пред околу месец и половина реков дека титулата ќе се реши во директен дуел со Наполи. Тоа е многу важен меч. Имаме предност од четири бода, остануваат уште доста средби до крајот и директен дуел со Наполи“, рече Алегри.
„Не игравме добро денес, но мора да размислиме за директната борба со конкурентот, мораме да играме подобро и да победиме на нашите натпревари“, дополнил тој.