Ѕвездата на Рома, Раџа Наинголан, во ексклузивно интервју за официјалниот сајт на „UEFA“ ја опиша Лигата на Шампионите како сон за секое младо момче кое игра фудбал. „Волчицата“ во полуфиналната фаза ќе излезе на мегдан со Ливерпул за место во финалето во Киев.
„Лигата на Шампионите е сон на секој млад фудбалер. Тоа беше цел за која работев напорно и која ја постигнав. Ќе се обидам да победам во Лигата на Шампионите, но, таму атмосферата е поразлична. Знаеш дека ако направиш грешка, можеш да платиш“ вели Наиголан.
„Можеби во нас се промени нешто бидејќи чувствувавме различна атмосфера. Не играш против италијански тимови. Тоа дава дополнителна мотивација “, -искоментира Наинголан.