Првиот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, ги сподели своите планови за иднината. Во изјава пред новинарите Германецот призна дека можеби и многу порано ќе ја заврши својата тренерска кариера.
„Можеби ќе ја завршам мојата кариера многу порано отколку што обично тоа го прават другите тренери. Не сакам да умрам на тренерската клупа. По Ливерпул, дефинитивно ќе заминам на една година. Ова е договор со моето семејство“, изјавил Клоп, кој во моментов е фокусиран на битката со Рома во Лигата на шампионите следната недела.