Најдобриот стрелец на Борусија (Дортмунд) Миши Батшуаи доби охрабрувачки вести дека ќе може да игра со Белгија на Светското првенство во Русија од 14-ти јуни до 15-ти јули.
Напаѓачот дефинитивно ја заврши сезоната, поради повреда на зглобот. Белгиецот се повреди во текот на дербито со Шалке и се врати во Англија каде што ќе се одржи поголемиот дел од неговиот третман. Батшуаи е фудбалер на Челзи и игра со позајмица во Борусија Дортмунд.
Неговите физиотерапевти во Лондон му дадоа надеж дека ќе може да игра на Светското првенство 2018 година. Се очекува Батшуаи целосно да се врати на теренот во рок од шест недели.