Мегаѕвездата на бугарскиот фудбал, Димитар Бербатов, најверојатно, ќе ја заврши својата кариера ова лето. Ова лично го најави во интервју за бугарска телевизија, популарниот Бербо.
„Ако не најдам тим каде ќе играм следната сезона, мојата кариера ќе заврши. Но, ниту еден фудбалер не е подготвен за тоа. Кога ќе завршите со фудбалот, мал дел од вас умира“, вели Бербатов.
Последниот тим на бугарскиот голгетер беше индискиот Керала каде на 9 одиграни средби постигна еден гол.