Главниот тренер на италијанска Рома, Еузебио ди Франческо може да стане нов менаџер на лондоснки Челзи, објави весникот „Телеграф“.
Според информацијата, менаџментот на клубот е во потрага по нов тренер, кој ќе го замени италијанскиот специјалист Антонио Конте. Челзи е импресиониран од резултатите на Рома предводена од Ди Франческо, кој успеа да се пробие до полуфиналето на Лигата на шампионите.
Исто така, раководството на англискиот тим ги разгледува и Џулијан Нагелсман (“Хофенхајм”) и Дејвид Вагнер (“Хадерсфилд”) како опција за менаџерското место.