Раководството на Јувентус не размислува да го врати на тренерското место поранешниот тренер на тимот Антонио Конте во случај Масимилиано Алегри да си замине на крајот на сезоната.
Самиот Конте, кој е пред заминување од Челзи, пројавувал интерес да се врати во Торино, но шефовите на Јуве не сакаат да работат повторно со 48-годишниот стратег.
Според новинарите во Италија, на листата на евентуални наследници на Алегри е тренерот на Спартак Москва, Масимо Карера, беше дел од екипата на Конте во Јувентус.