Раководството на Јувентус започна со потрага на заменик на Масимилијано Алегри кој речиси сигурно заминува од клубот по завршувањето на сезоната.
Италијанскиот стручњак е поврзуван за тренерското место во Арсенал и Челзи, додека води жестока битка со Наполи за титулата во Серија „А”. Италијанскиот шампион ги разгледува можностите со вклучување на неколку имиња, а меѓу нив е и актуелниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.
Во денешното издание на „Tuttosport“ се тврди дека алтернативи на Алегри се италијанските стручњаци Роберто Манчини и Симоне Инзаги, кој го води Лацио кон Лигата на шампионите. „Бјанконерите” ја следат и ситуацијата со Зинедин Зидан, чија иднина зависи од 1/2 финалето во Лигата на Шампионите со Баерн Минхен.
Листата на кандидати ја комплетираше Масимо Карера, кој беше помошник на Антонио Конте во Јуве и моментално ја води екипата на Спартак Москва. Дидие Дешамп би можел да го предводи Јуве по Светското првенство во Русија ова лето, а меѓу варијантите е и Роберто Манчини, кој се очекува да го напушти Зенит по крајот на сезоната.