Италијанскиот Јувентус заедно со Манчестер Сити се двата европски клуба кои го следат напаѓачот на Васко де Гама Паулињо, објавија бразилските медиуми.
Ослободувачката клаузула на еден од најталентираните Бразилци е 30 милиони евра, што не е никаков проблем за „бјанконерите” и „граѓаните”. 17-годишниот стрелец стана најмлад голгетер на Васко де Гама подобрувајќи го постигнувањето на Филипе Кутињо кој од јануари игра во Барселона.
Името Паоло Енрике, е како вистинското име на Паулињо, е поврзано со Каталонците, како и со Баерн Минхен. Неодамна беше објавено дека Атлетико Мадрид понудил 14 милиони евра за правата на младиот фудбале, но понудата била веднаш одбиена. Паулињо може да игра на сите позиции во нападот и има 3 гола во 18 натпревари за Васко де Гама во бразилското првенство.
Тој играл за сите младински репрезентации на својата земја, па токму поради тоа се смета за идна голема ѕвезда на петкратниот светски шампион.