Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Белгија, Марк Вилмотс, го обвини таткото на голманот, Тибо Куртоа за протекување на тајни поврзани со тимот.
Тој откри пред белгиските медиуми дека одредени новинари му рекле дека Тиери Куртоа, таткото на репрезентативецот Тибо Куртоа, ги продал информациите на печатот во врска со составот на Белгија на Европското првенство пред две години. Вилмотс, кој беше отпуштен по турнирот, изјави, дека го соопштил составот за натпреварот во 18.00 часот и 15 минути а подоцна го видел објавен и на социјалните мрежи.
„Тоа значи дека некој играч го открил составот а тоа е сериозно прекршување на правилата” – рече Марк Вилмотс. Тиери Куртоа ги негираше обвинувањата и ги опиша како небулозни.