Германскиот тренер на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека неговиот тим заслужено ја победи Рома со 5:2 во првата полуфинална пресметка во Лигата на Шампионите.
„Перфектно одигравме 80 минути. Направивме само една грешка во одбраната. Немаше пенал, но, таква е ситуацијата и сега е 5:2. Ќе беше подобро да беше 5:0 или 5:1. Можевме да постигнеме повеќе голови“ – вели Клоп.
„Чемберлејн е веројатно тешко повреден. Мора да бидеме креативни за да го надополниме неговото отсуство“ – потенцираше Клоп по вчерашниот меч на „Енфилд“.