Севиља синоќа беше поразен ана гостувањето кај Леванте со што ситуацијата на кормилото на тимот станува уште посложена. Актуелниот предводник на тимот, Винченцо Монтела, се уште не знае каква е неговата иднина на кормилото на шпанскиот тим, особено по неколкуте разочарувачки настапи.
„Тоа не е прашање што треба да го упатите кон клубот. Јас сум тренер на Севиља, ја работам мојата должност со ентузијазам, професионализам и концентрација. Мислам дека можевме подобро да ја завршиме сезоната, но мојата иднина не ја решавам јас“, рече Монтела.
Претседателот на Севиља, Хозе Кастро, рече дека единственото нешто што тој го знае сега е дека тимот повторно загуби.