Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, користел неовластените производи пред полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен, објави весникот „Билд“.
Според веста, станува збор за ароматичен тутун што се наоѓал меѓу забите на фудбалерот. Дел од никотинот, кој е 3 пати посилен од една цигара, веднаш влегува во телото.
Супстанцијата е забранета во многу земји, а во последно време активно е истражувана и од антидопинг организациите. Од една страна, тоа помага да се прекине со пушењето, а од друга страна, има тоничен ефект врз телото.