Аргентинскиот крило од екипата на ПСЖ, Анхел Ди Марија, најави дека може да го напушти клубот во текот на летото.
Тој најави дека е доста разочаран од улогата на резерва во тимот и тоа го тера да размисли за заминување од Париз.
„Бев многу разочаран, бидејќи често останував меѓу резервите. Сепак мојата желба е да играм редовно, бидејќи всушност се наоѓам во прилично добра форма. Чувствувам дека треба да играм редовно, но не добив шанса. Дали ќе останам во ПСЖ? Не знам. Генерално ми се допаѓа тука, но сакам да играм“, вели Ди Марија.