Арсен Венгер доби одична понуда да го преземе ПСЖ следната сезона, но понудата најверојатно ќе ја одбие бидејќи неговата голема амбиција е да застане на чело на фудбалската репрезентација на Франција по Мундијалот во Русија.
Кај ПСЖ веќе официјално е јасно дека на крајот на сезоната Унаи Емери го напушта тимот и најверојатно Томас Тухел ќе биде негов наследник, во случај Венгер да не ја прифати понудата.