Џулијан Нагелсман, кој го предводи германски Хофенхајм, може да биде новиот менаџер на англиски Челзи.
Кај “сините” јасно е дека Антонио Конте си заминува во текот на летото и тимот сигурно ќе има нов тренер во новата сезона. Роман Абрамович е “заљубен” во ентузијазмот на младиот Германец и сериозно ја разгледува можноста да му даде шанса да се испроба на највисоко ниво.
Нагелсман има само 30 години, а неговото име неодамна беше поврзано со Баерн (Минхен). Под негово раководство Хофенхајм игра одлично и оваа сезона и е во ТОП 4 во Бундеслигата.