Претседателот на Рома, Џејмс Палота, го оцени судењето на синоќешниот меч меѓу екипите на Рома и Ливерпул како криминално. Италијанците бараа два недосудени пенали од главниот судија Дамир Скомина, кои можеа сериозно да го променат текот на мечот.
„Знам дека за судиите е многу тешко, но за нас е ужасно што изгубивме на овој начин. Не можеш да дозволиш ова да се случи во одлучувачки натпревар, грешките беа премногу очигледни и се покажаа како одлучувачки за резултатот“, изјавил Палота.